Објавено на:

„Во моментов нема индикации дека ќе престане испораката на гас за Белгија”

t

Откако руската државна компанија „Гаспром“ денеска ја прекина испораката на гас за Холандија во соседна Белгија велат дека засега нема индиции дека истото би можело да им се случи, ниту пак има потреба од активирање на националниот план за вонредни состојби за природен гас.

„Во моментов нема индикации дека ќе престане испораката на гас за Белгија. Но, Белгија е целосно подготвена. Подобро е да се спречи отколку да се лечи”, изјави белгиската министерка за енергетика Тина ван дер Стретен.

Таа додаде дека ЕУ е веќе подобро организирана и тоа со заедничко купување гас, забрзување на енергетската транзиција и намалување на потрошувачката на енергија.

Во исто време, белгискиот премиер Александар Де Кро од Самитот на лидерите на ЕУ во Брисел рече дека ЕУ ја достигнала границата за енергетски санкции со договорот за ембаргото на руската нафта, со што ги отфрли наводите за можноста за забрана на увоз на гас од Русија како следна фаза на рестриктивни мерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…

Бизарна несреќа во Хрватска: Пуштил телевизор и…

Во Осиек дошло до експлозија во стан…

Терористот од Брисел е убиен, се бараат…

Белгиските власти потврдија дека официјално е идентификувано…

Молдавија сепак ќе купува гас од Русија

Како што се приближува зимата Молдавија се…

Белгија ќе користи специјален дрон за транспорт…

За прв пат во Белгија патнички дрон…