Белгискиот министер за одбрана: Европа ја чека „мрачна зима“ со нови руски хибридни напади
Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен предупреди дека Европа мора да се подготви за нови руски хибридни напади во претстојните месеци, велејќи дека континентот го чека „мрачна зима“.
Франкен ова го изјави за новинарката на „Јуроњуз“ Ангела Скујинс на Самитот за одбрана на „Еуроњуз“ во Брисел, каде што ја опиша Русија како најголема закана за безбедноста на Белгија. Таа земја оваа година забележа неколку инциденти поврзани со дронови, од кои некои го нарушија воздушниот сообраќај.
„Русија, воздушен напад, воздушен напад, воздушен напад. Тоа е најголемата закана. Затоа ни е потребна противвоздушна одбрана, противвоздушна одбрана, противвоздушна одбрана“, нагласи Франкен. Тој додаде дека на Европа ѝ е потребна украинска технологија за да може да им се спротивстави на руските дронови на млазен погон.
„Мораме да имаме поголеми залихи, да го зголемиме и прошириме производството и да имаме силна индустриска база. Сè мора да оди побрзо. Во следните неколку месеци ќе има уште хибридни закани. Тоа ќе биде мрачна зима за Европа“, истакна тој.
Министерот изјави дека Русија има 50 години искуство во хибридни напади и дека Белгија мора да ги следи технолошките трендови. „Не сакам да имам 200.000 дронови некаде на залиха, а за два месеци повеќе да не можам ниту да ги користам бидејќи застареле. Мораме да се прилагодуваме“, порача тој.
Франкен рече дека Белгија со години премалку инвестирала во одбраната, но дека сега ги зголемува издвојувањата. „Ние бевме како најлошиот ученик во класот на НАТО. Издвојувавме еден отсто од БДП за одбрана“, призна тој, додавајќи дека издвојувањата веќе се удвоиле.
„Но, не можам за 18 месеци да го надокнадам она што се занемарувало 40 години“, напомена тој.
Франкен истакна дека Белгија во моментов го има најголемиот јавен долг во Европската Унија и една од најтешките буџетски ситуации, но потврди дека владата и понатаму е посветена на зголемување на издвојувањата за одбрана. Сепак, тој додаде дека за Белгија во блиска иднина не би било реално да издвојува пет отсто од БДП за одбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белгискиот министер за одбрана: Европа ја чека…
Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен предупреди…
Груевски бил пред времето: Европа воведува „Купувај…
Европа сака да произведува повеќе дома и…
ЦИА предупредува за руска закана со дронови…
Американските разузнавачки служби споделиле извештај со неколку…
Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…
Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…
Проди: Ако АфД ја преземе власта во…
Поранешниот италијански премиер и претседател на Европската…