Во СДСМ имаат чувство дека ќе се обелоденат „шокантни детали за договорите Орбан-Мицкоски-Вучиќ“
По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, во која повторно посочи дека „има чувство“ за идни процеси против функционери на СДСМ, од партијата реагираа со остар и директен став, оценувајќи дека зад ваквите настапи стои страв и обид за дефокусирање на јавноста.
Според нив, откако Мицкоски ги поставил своите луѓе на клучни позиции во судството и обвинителството, сега, во момент кога и самиот станува предмет на интерес на меѓународни истраги, се обидува преку, како што велат, злоупотреба на институциите да ги сокрие вистинските процеси поврзани со криминал и корупција од јавноста.
Во реакцијата се наведува дека Мицкоски повторно „нарачува“ процеси преку медиумите, со цел да изврши притисок и да ја запре, како што велат, борбата против неговата „криминална организација“. Од таму оценуваат дека тој ја повторува истата матрица од минатото, но дека овојпат неговото „чувство“ е диктирано од страв.
„Де факто и де јуре – имаме чувство дека стравот му влезе длабоко во коските на Мицкоски“, се наведува во реакцијата.
Од партијата понатаму велат дека имаат чувство оти Европското обвинителство веќе го има предметот за, како што тврдат, „Орбановите бизнис-комбинации“, во кои, според нив, е вмешан и самиот Мицкоски.
Воедно, посочуваат дека граѓаните на Македонија многу наскоро ќе чујат, како што велат, шокантни детали за договорите Орбан–Мицкоски–Вучиќ на Балканот. Според нив, јавноста ќе дознае и како се трошеле парите на македонските граѓани, односно преку какви кредити, медиуми, телекомуникации и инфраструктурни проекти се движеле средствата.
Во реакцијата се споменуваат и сомнежи дека дел од тие процеси би можеле да бидат поврзани и со перење пари преку одредени финансиски институции.
„Ова, сепак, е само чувство. Но, де факто и де јуре знаеме дека за сето ова ќе мора да се одговара – пред домашното и пред меѓународното правосудство“, се наведува во партиското соопштение.
На крајот, од таму порачуваат дека наместо, како што велат, преку медиумите да им задава задачи на обвинителите за да обезбеди материјал за својата „таблоидна мрежа“, Мицкоски треба да се подготви да ги објасни сопствените врски со, како што тврдат, криминалниот режим на Орбан, бидејќи, според нив, наскоро тие ќе бидат предмет на судска постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во СДСМ имаат чувство дека ќе се…
По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, во…
Мицкоски има чувство дека ќе бидат гонети…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува набргу…
Минчев – Маричиќ: Зајакнување на институционалната соработка…
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари…
Слаб одзив на најавениот протест пред УЈП:…
Наместо масовен студентски протест, денеска пред Управа за…
„Марш за ангелите” во сабота во Штип
За првпат во Штип, на 18 април,…