Слаб одзив на најавениот протест пред УЈП: Само двајца студенти

t

Наместо масовен студентски протест, денеска пред Управа за јавни приходи се собраа неколку десетици граѓани, меѓу кои поранешни работници во странство и мал број студенти, револтирани од обврската за оданочување на приходите остварени надвор од државата.

Иако протестот беше најавуван како студентски, на терен присуствуваа само двајца учесници кои потврдија дека се студенти, додека останатите беа лица кои претходно работеле во Авганистан, Ирак или преку програмата Work&Travel.

Организацијата на собирот се одвивала преку Вибер група, а поводот за реакцијата беше оданочувањето на приходите кои дел од студентите ги заработиле преку работа во странство, особено во Германија.

Претходно, на социјалните мрежи се појавија бројни реакции од млади лица кои добиле известувања од УЈП за плаќање данок, што за дел од нив било неочекувано.

Во исто време, во просториите на Управа за јавни приходи се одржуваше брифинг со новинарите, на кој директорката Елена Петрова ги појасни законските обврски на граѓаните.

Од УЈП потенцираат дека оданочувањето на доход остварен во странство не претставува нова мерка, туку примена на постоечки закон кој важи со години.

„Република Македонија функционира врз основа на систем на самооданочување, што значи дека даночните обврзници самостојно ги пресметуваат и пријавуваат своите обврски, додека УЈП обезбедува системска поддршка и контрола“, информираат од институцијата.

Според податоците на Управата, до 2024 година ваквите приливи не биле системски обработувани, но од тогаш започнала нивна анализа и вкрстување.

Само во 2025 година, дури 70.869 граѓани оствариле приливи од странство во вкупен износ од околу 577 милиони евра. Од нив, досега се испратени 9.522 известувања, а 4.459 лица доброволно поднеле даночни пријави.

Од УЈП нагласуваат дека не сите приливи подлежат на оданочување, како и дека во моментов не се применуваат казни или присилна наплата.

Во однос на стравувањата за двојно оданочување, институцијата појаснува дека тоа се избегнува доколку граѓаните достават доказ дека данокот е веќе платен во странство.

Од Управата информираат дека веќе се остварени средби со 134 млади лица, претежно студенти, со цел дополнително информирање за нивните обврски и можностите за плаќање, вклучително и на рати.

Надлежните најавуваат дека процесот ќе заврши со генерирање на годишните даночни пријави до крајот на месецот, кои граѓаните ќе треба да ги потврдат најдоцна до 31 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Слаб одзив на најавениот протест пред УЈП:…

Наместо масовен студентски протест, денеска пред Управа за…

„Марш за ангелите” во сабота во Штип

За првпат во Штип, на 18 април,…

ОЈО: Татко прикажувал порнографски содржини пред својот…

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за…

УЈП: Над 70.000 ќе мора да платат…

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека…

Жерновски: Германија потврди, Мицкоски е Орбан Џуниор…

Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски –…