Во сообраќајка во Драчево тешко повредена 27-годишна сопатничка, едниот од возачите избегал
Дваесет и седумгодишна девојка е тешко повредена во сообраќајна несреќа која се случила вчеравечер во Драчево.
„Вчеравечер во 19.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел“ со германски национални ознаки, управувано од Ј.С.(30) од с.Долно Количани, скопско, и патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, кое по незгодата го напуштило местото на настанот. Во незгодата со телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „опел“ С.К.(27) од с.Количани, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ “, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се санира мостот на Маркова Река, инвестицијата…
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта…
(Фото) Запален автомобил во Драчево
Рано утрово во Драчево е запален автомобил,…
Залутано зрно погоди малолетник во двор на…
Вчера во 19:45 часот во СВР Скопје,…
Булеварот „Борис Трајковски“ ќе биде завршен пред…
Продолжува изградбата на булеварот „Борис Трајковски“, проект…
Делови од Драчево утре без струја
Од ЕВН известуваат дека поради зафати во…