Булеварот „Борис Трајковски“ ќе биде завршен пред рокот, вели Ѓорѓиевски

t

Продолжува изградбата на булеварот „Борис Трајковски“, проект кој има значајна улога во поврзувањето на жителите од населбата Драчево, Студеничани и околните населени места во Општина Кисела Вода со градот Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изјави дека работите се одвиваат со забрзана динамика и дека се очекува проектот да биде завршен пред предвидениот рок.

Тој нагласи дека паралелно со овој проект се работи и на клучката Момин Поток, како и на мостот кај Љубљанска.

„Следејќи ја динамиката, доколку изведувачот продолжи со истото темпо, сметам дека многу порано од крајот на оваа календарска година ќе ја завршиме реализацијата. Вкупната вредност на проектот е околу 2 милиони евра за целиот сегмент, што значи дека верувам дека пред Нова година над 100 илјади граѓани ќе можат да се движат по нов, модерен и безбеден булевар“, изјави Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…

Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…