Во Токио се подготвува „Брза помош“ за роботи
На улиците на Токио наскоро би можело да се појави нов вид „амбулантно возило“, дизајнирано за помош на хуманоидни роботи, а не на луѓе.
Јапонскиот ИТ-гигант „ГМО“ претстави комбе наменето за транспорт на инженери, опрема за поправка, резервни делови и резервен хуманоиден робот до локацијата каде што е потребна интервенција, пренесува „Еуроњуз“.
Компанијата наведува дека станува збор за првото возило во Јапонија специјално дизајнирано за одржување на хуманоидни роботи.
„Ова возило носи резервен хуманоиден робот до локацијата и го заменува оштетениот хуманоиден робот“, изјави Шота Такизава, инженер во компанијата GMO Air.
Доколку поправката не може да биде завршена на лице место, оштетениот робот може да биде транспортиран назад во сервисниот центар, додека резервниот робот ја презема неговата функција.
Компанијата GMO AIR соопшти дека ја развила оваа услуга откако се соочила со проблеми кога оштетените хуманоидни роботи морале да бидат испраќани на поправка надвор од локацијата.
„Учејќи од тоа искуство, дојдовме до идејата да обезбедиме резервни хуманоидни роботи“, изјави Томохиро Учидa, извршен директор на GMO Air.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Токио се подготвува „Брза помош“ за…
На улиците на Токио наскоро би можело…
На 115 години почина најстарата докторка на…
Јапонија се збогува со д-р Шигеко Кагава,…
Америка ќе распоредува ракети во Јапонија —…
Русија денеска ги осуди претстојните заеднички воени…
(Видео) Тајфун со налети на ветер до…
Тајфунот Делфин ја погоди јужната јапонска префектура…
Јапонија: Евакуација за стотици илјади луѓе поради…
Стотици илјади жители на југозападна Јапонија денеска…