Објавено на:

Америка ќе распоредува ракети во Јапонија — Русија вели дека тоа е „неприфатливо“, се закани со контрамерки

t

Русија денеска ги осуди претстојните заеднички воени вежби на Јапонија, САД и Австралија и протестираше до Токио поради планираното распоредување на американски ракетни системи „Тајфон“, оценувајќи дека тие претставуваат закана за нејзината безбедност, објави јапонскиот весник „Асахи шимбун“.

Вежбите „Ориент шилд“ ќе се одржат од 8 до 24 септември во Јапонија, а во нив ќе учествуваат околу 3.700 војници од трите земји. За првпат ќе бидат користени и американските системи „Тајфон“, кои можат да лансираат ракети СМ-6 и „Томахавк“.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија сака Јапонија да се врати на политиката на пацифизам и дека Москва е загрижена поради вежбите што ќе се одржат во области во близина на руската граница.

Таа рече дека Русија утрово поднела протест до јапонската амбасада во Москва.

„На јапонската страна јасно ѝ беше ставено до знаење дека провокативната воена активност во близина на нашите источни граници е категорично неприфатлива“, рече Захарова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…