Во Франција поднесен парламентарен предлог за повлекување од НАТО

t

Во Франција за прв пат е поднесен парламентарен предлог со кој се бара земјата да се повлече од НАТО, а иницијативата ја покрена потпретседателката на Националното собрание и членка на левичарската партија „Непобедлива Франција“ (LFI), Клеманс Гете.
Резолуцијата повикува на раскинување со западниот воен сојуз и доаѓа во време на растечки сомнежи за улогата на САД и насоката на европската безбедносна политика, објавува „Берлинер Цајтунг“.

Гете рече дека политиките на САД, вклучувајќи го „нелегалното киднапирање на претседателот на Венецуела (Николас Мадуро)“, заканите кон Гренланд, санкциите врз европските претставници и наметнувањето трговски договори – покажуваат дека САД „ефикасно ѝ доделуваат на ЕУ статус на вазална држава“.

Таа верува дека членството на Франција во НАТО ја изложува земјата на стратешки ризик и може да ја вовлече во конфликти што не се во согласност со нејзините интереси.
Според Гете, напуштањето на НАТО би ѝ овозможило на Франција да ја врати својата воена и дипломатска независност, да стане неврзана сила и, благодарение на нуклеарното одвраќање, независно да ја брани својата територија.

Во исто време, раскинувањето со алијансата не значи изолација, но Франција би можела да го зголеми своето меѓународно влијание и да промовира мировни иницијативи во Франкофонијата, Обединетите нации, ОБСЕ и други форуми.

Политичкиот контекст покажува дека таков потег не е невозможен: левичарскиот сојуз LFI има најсилна фракција во Националното собрание, додека десничарскиот Национален собир, предводен од Марин Ле Пен, исто така е критичен кон НАТО.

Францускиот претседател Емануел Макрон постојано изразува сомнежи за насоката на алијансата, предупредувајќи на закани од Вашингтон, особено во врска со Гренланд.
Макрон дури го опиша НАТО како „мозочно мртов“ во 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон се појави пред војниците со црвено…

Емануел Макрон се појави со црвено око…

Макрон: Франција ќе испрати воен брод на…

Франција наскоро ќе испрати воен брод, авиони…

Германија и Франција испраќаат војници во Гренланд!

Германија и Франција објавија дека ќе испратат…

Француската влада преживеа два обиди за гласање…

Владата на Франција денес преживеа два гласања…