Германија и Франција испраќаат војници во Гренланд!
Германија и Франција објавија дека ќе испратат војници во Гренланд, заедно со други европски земји, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги засили заканите за преземање на арктичкиот остров.
Распоредувањето на 13-член разузнавачки тим на Бундесверот во главниот град на Гренланд, Нуук, од 15 јануари беше на покана на Данска, соопшти германското Министерство за одбрана. Берлин рече дека мисијата имала за цел да „ги испита рамковните услови за можна воена акција во поддршка на Данска во обезбедувањето безбедност во регионот“, објави АФП.
Франција, единствената нуклеарна сила на Европската Унија, исто така потврди дека ќе испрати војници во Гренланд по состанокот на високо ниво меѓу претставниците на САД, Данска и Гренланд во Вашингтон.
Трамп постојано повторуваше дека ќе ја преземе контролата врз автономната данска територија, инсистирајќи дека е од витално значење за безбедноста на САД. По средбата со американски претставници, вклучувајќи го потпретседателот Џ.Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио на 14 јануари, данскиот министер за надворешни работи Ларс Леке Расмусен рече дека е „јасно дека претседателот има желба да го преземе Гренланд“, што, според него, е „апсолутно непотребно“. Шведска, исто така, изјави дека ќе учествува во европската воена мисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се урна воен авион во североисточна Франција
Воен авион се урна во вторникот доцна…
Марин Ле Пен профитира од хаосот на…
Откако избувнаа немири во градовите низ Франција…
Франција денес очекува 140.000 демонстранти
Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…
Германската агенција за вработување се противи на…
Германската влада планира да ја преполови квотата…
Германија инвестира милиони во вештачка интелигенција, планира…
Германската федерална влада планира широка соработка со…