Објавено на:

Во Швајцарија запленет половина тон кокаин – го криеле во вреќи за кафе

t

Повеќе од 500 килограми кокаин, за кој се проценува дека вреди повеќе од 50 милиони швајцарски франци, се пронајдени во контејнер со вреќи со зрна кафе наменети за фабриката Неспресо во градот Ромонт во западна Швајцарија, соопшти денеска локалната полиција.

Како што се наведува, фабриката Неспресо, синоќа ја известила полицијата дека персоналот пронашол „недефинирана бела материја” при истовар на вреќи со зрна кафе кои штотуку пристигнале од Бразил, а анализите покажале дека се работи за кокаин.


„Супстанцата за која станува збор не дојде во контакт со ниту еден од нашите производи или со производствената опрема што се користи за производство на нашите производи”, се вели во соопштението на Неспресо.

Се додава дека истрагата на полицијата е во тек и дека не може да се дадат повеќе детали за споменатиот настан.

„Сакаме да ги увериме потрошувачите дека сите наши производи се безбедни за употреба”, порача швајцарскиот производител на кафe

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акција на МВР: Спречен обид за шверц…

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција…

Швајцарската царина го прегледува увозот на руско…

Швајцарија е глобален центар за благородни метали…

Запленет еден тон кокаин на Карибите, бил…

Колумбиската полиција запленила контејнер со илјада килограми…

Што се случува? Затворен воздушниот простор над…

Швајцарскиот воздушен простор моментално е „затворен до…

Голема акција во Германија и Швајцарија: Уапсени…

Во заедничка операција во Германија и во Швајцарија беа уапсени наводни…