Објавено на:

Во Швајцарија запленет половина тон кокаин – го криеле во вреќи за кафе

t

Повеќе од 500 килограми кокаин, за кој се проценува дека вреди повеќе од 50 милиони швајцарски франци, се пронајдени во контејнер со вреќи со зрна кафе наменети за фабриката Неспресо во градот Ромонт во западна Швајцарија, соопшти денеска локалната полиција.

Како што се наведува, фабриката Неспресо, синоќа ја известила полицијата дека персоналот пронашол „недефинирана бела материја” при истовар на вреќи со зрна кафе кои штотуку пристигнале од Бразил, а анализите покажале дека се работи за кокаин.

„Супстанцата за која станува збор не дојде во контакт со ниту еден од нашите производи или со производствената опрема што се користи за производство на нашите производи”, се вели во соопштението на Неспресо.

Се додава дека истрагата на полицијата е во тек и дека не може да се дадат повеќе детали за споменатиот настан.

„Сакаме да ги увериме потрошувачите дека сите наши производи се безбедни за употреба”, порача швајцарскиот производител на кафe

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Швајцарија замрзна руски имот вреден 5,8 милијарди…

Швајцарија замрзна руски имот во вредност од…

Швајцарскиот парламент одби да се приклучи на…

Долниот дом на швајцарскиот парламент денеска го…

Над 130.000 потписи за швајцарската неутралност –…

133.000 потписи има народната иницијатива „Заштита на…

Ова е жената во која пукаше Албанец…

Триесетгодишната В.Ј. (30) од Велика Дренова е…

15- годишник од Швајцарија избодел Евреин со…

15-годишен тинејџер е уапсен под сомнение дека…