Времеплов: На денешен ден во 1878 година е роден Христо Узунов – Видете што се случило низ историјата

t

22 февруари е 53-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 312 денови до крајот на годината.

Настани:


1281 Мартин IV станува папа.
1819 Шпанија ја продава Флорида на САД за пет милиони американски долари.
1862 Во текот на Американската граѓанска војна, Џеферсон Дејвс бил прогласен за претседател на Конфедерацијата на државите на Америка, составена од 11 јужни држави.
1879 Во Јутика, Њујорк, САД, Френк Вулворт ја отвора првата продавница од својот синџир на продавници.
1955 Поради повреда, предизвикана од паѓање од коњ, тенисерката Морин Коноли, позната како „Малата Мо“ се повлекла од тенисот. Таа победила на Вимблдон трипати по ред, во 1952, 1953 и 1954 година.
1979 Карипскиот остров Света Луција стекна независност по 165 години поминати под британска управа.
1980 Израелската влада донесе одлука за пуштање во оптек на нова национална валута, шекел, која ја замени израелската фунта.
1980 Хокеарската репрезентација на САД извојува победа над екипата на СССР во финалето на Зимските олимписки игри во 1980 г.
1986 Долгогодишниот претседател на Филипините, диктаторот Маркос бил принуден да ја напушти земјата, под притисок на јавноста.
1994 Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Кралството Белгија. Во Брисел, со размена на дипломатски документи, Кралството Белгија воспостави дипломатски односи со Република Македонија.
2011 Градот Крајстчерч во Нов Зеланд е погоден од катастрофален земјотрес.
Родени:

1403 Шарл VII Победникот — крал на Франција.
1732 Џорџ Вашингтон — првиот претседател на САД.
1788 Артур Шопенхауер — германски филозоф.
1810 Фредерик Шопен — полски композитор.
1857 Хајнрих Рудолф Херц — германски физичар.
1878 Христо Узунов — македонски револуционер.
1913 Ранко Маринковиќ — хрватски и југословенски писател.
1921 Џулиета Масина – италијанска глумица.
1932 Едвард Кенеди — американски политичар, член на Демократската партија на САД.
1935 Данило Киш — српски и југословенски писател.
1937 Петар Радаковиќ — хрватски и југословенски фудбалер.
1942 Војин Лазаревиќ — српски фудбалер.
1943 Едуард Лимонов — руски писател и политичар.
1949 Ники Лауда — австриски автомобилист, шампион во трките на „Формула 1“.
1959 Кајл Меклахлан — американски глумец.
1964 Магнус Висландер — шведски ракометар.
1969 Брајан Лаудруп — дански фудбалер.
1972 Мајкл Ченг — американски тенисер.
1975 Дру Баримор — американска глумица.
1984 Бранислав Ивановиќ — српски фудбалер.
1981 Георгиос Принтезис — грчки кошаркар.
1990 Тарас Бурлак — руски фудбалер.
1992 Харис Сеферовиќ — швајцарски фудбалер.
1995 Рајан Кристи — шкотски фудбалер.
Починале:

606 Сабинијан — римски папа.
1512 Америго Веспучи — италијански морепловец.
1875 Камиј Каро — француски сликар.
1888 Ана Кингсфорд — англиски доктор.
1907 Митре Влаот — македонски револуционер.
1907 Андон Брештенски — македонски револуционер.
1942 Штефан Цвајг — австриски писател.
1980 Оскар Кокошка — австриски сликар.
1987 Енди Ворхол — американски уметник, режисер и писател.
1988 Петар Богданов – Кочко — македонски композитор, оперски пејач (тенор) и организатор на музичкиот живот во Македонија.
2002 Чак Џонс — американски аниматор, творец на неколку познати ликови од цртаните филмови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Времеплов: Што се случило на денешен ден…

27 март — 86-иот ден во годината…

Времеплов: На денешен ден е родена Валентина…

7 март е 66-иот ден во годината…

На денешен ден низ историјата

1770.- Умрел италијанскиот виолински виртуоз и композитор…

Времеплов: На денешен ден во 1967 година…

23 февруари е 54-иот ден во годината…

Времеплов: На денешен ден во 1878 година…

22 февруари е 53-иот ден во годината…