Времеплов: Што се случило на денешен ден низ историјата?

t

27 март — 86-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (87-и во престапна година). Остануваат 279 денови до крајот на годината.

Настани:

1713 Врз основа на Договорот од Утрехт, Шпанија ѝ го отстапила Гибралтар на Англија.
1903 Во штипското село Карбинци, четите на војводите Гане и Стојан Бочварот се судриле со турскиот аскер при што борбата завршила со трагичен крај за македонските револуционери.
1941 Избиваат демонстрации против пристапувањето на Југославија кон Силите на оската. Извршен е воен удар на чело со генералот Душан Симовиќ и новата влада го поништува пристапувањето на Југославија кон Силите на оската.
1968 При пробен лет со авион загина Јуриј Гагарин, херој на Советскиот Сојуз и првиот човек кој полетал во вселената.
1977 Во Санта Крус, на Канарските Острови, во Атлантскиот Океан, се случи најтешката авионска несреќа во историјата на цивилното воздухопловство. Во судирот на два авиони „џамбо џет“ на Американската авиокомпанија и на Холандското кралско воздухопловство загинаа околу 580 патници.
1992 Врз основа на Договорот од Скопје, потпишан од претседателот на РМ Киро Глигоров и генералот на ЈНА Никола Узелац, војската на ЈНА ја напуштила територијата на Република Македонија.
1999 Над територијата на СР Југославија е соборен американски бомбардер од типот F-117. Ова е единствен случај бомбардер од овој тип да е соборен од непријателски оган, откако претходно е детектиран со помош на нискофреквентен радар.
Родени:

972 Робер II Побожниот — крал на Франција.
1785 Луј XVII — крал на Франција.
1845 Вилхелм Конрад Рендген — германски физичар.
1886 Лудвиг Мис ван ден Рое — германско-американски архитект.
1891 Лајош Зилахи — унгарски писател.
1911 Вероника Тушнова — советска и руска поетеса.
1918 Борис Чипан — македонски архитект.
1921 Иван Рабузин — хрватски сликар.
1927 Мстислав Ростропович — советски и руски виолончелист.
1949 Дубравка Угрешиќ — хрватска писателка.
1951 Сања Илиќ — српски композитор и музичар.
1953 Анимари Мозер-Прел — австриска скијачка.
1963 Квентин Тарантино — американски режисер.
1966 Жарко Паспаљ — српски и југословенски кошаркар.
1969 Мараја Кери — американска пејачка.
1983 Василиј Кошечкин — руски хокеар.
1986 Мануел Ноер — германски фудбалски голман.
1990 Наталија Санчез — шпанска глумица и пејачка.
1994 Виктор Ангелов — македонски фудбалер.
Починале:

1378 Грегориј XI — римски папа.
1462 Василиј II Московски — московски кнез.
1625 Џејмс I — крал на Шкотска и Англија од династијата Стјуард, кој владеел од 1603 до 1625 година.
1770 Џовани Батиста Тјеполо — венецијански уметник.
1918 Мартин Шеридан — американски атлетичар.
1968 Јуриј Гагарин — советски космонаут, прв човек кој полетал во вселената.
1972 Мауриц Корнелис Ешер — холандски графички уметник.
2006 Станислав Лем — полски писател на научна фантастика.
2000 Ијан Дјури — англиски рок-музичар и глумец.
2010 Василиј Смислов — руски и советски шахист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На денешен ден: Роден е поранешниот македонски…

31 август — 243-иот ден во годината…

Времеплов: Што се случило на денешен ден…

27 март — 86-иот ден во годината…

Времеплов: На денешен ден е родена Валентина…

7 март е 66-иот ден во годината…

На денешен ден низ историјата

1770.- Умрел италијанскиот виолински виртуоз и композитор…

Времеплов: На денешен ден во 1967 година…

23 февруари е 54-иот ден во годината…