Времето денеска: Сонце, умерена облачност и засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Најсилни налети на ветер се очекуваат долж Повардарието, каде брзината ќе достигнува до 50 километри на час.
Утринските температури ќе се движат од 11 до 18 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 24 до 34 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 18 до максимални 30 степени.
Според прогнозата, ваквото стабилно време ќе се задржи и во вторник, кога ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен северен ветер. Во среда, пак, во попладневните часови се очекува дестабилизација на времето, со услови за локален дожд и појава на грмежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Испораките на руски гас за Турција речиси…
Испораките на руски гас за Турција преку…
Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно…
Во изминатото деноноќие, на територија на целата…
Хоџа: Инвестициите во еколошки технологии носат почист…
Напредокот на терен е очигледен, а зелениот…