Хоџа: Инвестициите во еколошки технологии носат почист воздух и 20% поевтино греење за скопјани

t

Напредокот на терен е очигледен, а зелениот пресврт веќе дава конкретни резултати за заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на воздухот во главниот град, истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, за време на денешниот увид во работата на новата когенеративна постројка на „Теса Енерџи“. Проектот, кој претставува приватна инвестиција вредна 2,5 милиони евра, влегува во нова фаза на реализација, обезбедувајќи посовремена, поефикасна и значително поеколошка испорака на топлинска и електрична енергија.

Оваа инвестиција на приватниот сектор во современи и чисти технологии директно го поддржува организираниот одговор против аерозагадувањето. Со преодот на поефикасни енергетски системи,драстично се намалуваат загубите на енергија и штетните емисии на гасови, што е клучниот чекор кон обезбедување повисоки еколошки стандарди.

Во моментов, над 500 семејства од општините Чаир и Бутел веќе се приклучуваат на новиот систем за централно греење. Покрај домаќинствата, во мрежата ќе се интегрираат и важни јавни и здравствени институции од овој реон, меѓу кои се ЈЗУ Специјализирана болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир и основното училиште „Хасан Приштина“, со што директно се зајакнува енергетската стабилност на локалната заедница.

За граѓаните и институциите исклучително значаен е и директниот економски ефект – топлината што ја испорачува оваа постројка е за 20 отсто поевтина во споредба со алтернативните системи за централно греење. Министерот Хоџа упати апел до сите останати граѓани, домаќинства и деловни субјекти од овој дел на градот да ја искористат можноста за приклучување на новата мрежа, со што директно придонесуваат и за сопствениот буџет и за заедничката борба за почист воздух.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хоџа: Инвестициите во еколошки технологии носат почист…

Напредокот на терен е очигледен, а зелениот…

(Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана,…

Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска…

Расте бројот на загинати во Краков, напаѓачот…

Бројот на загинати во вооружениот напад што…

Македонската таеквондистка Душица Брсалиева освои злато на…

Четири борби, четири победи и ниту една…

Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во…

Шпанската цивилна гарда истражува откако телото на…