САД: Исчезна „невидлив“ авион, армијата ги моли граѓаните за помош
Американски борбен авион Ф-35 исчезна во Јужна Каролина откако пилотот се катапултираше.
Воените претставници ја повикуваат јавноста да им помогне да го пронајдат „невидливиот“ авион.
Потрагата е фокусирана на областите околу езерата Мотри и Марион северно до Северен Чарлстон каде што се наоѓа воена база.
Пилотот за време на несреќата безбедно се катапултирал и е во стабилна состојба во болница, пишува Гардијан.
Локалната конгресменка Ненси Мејс праша „како е можно да се изгуби Ф-35?!“.
„Дали нема уред за следење на авионот и сега бараме од граѓаните да го најдат?“, изјави таа на социјалните мрежи.
Во потрагата e вклучен и хеликоптер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…