Вучиќ: Курти, Ѓукановиќ и Пленковиќ – сите сакаат соборување на власта во Србија
Александар Вучиќ – носителот на листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ вечерва изјави дека во Загреб, Подгорица, Сараево и Приштина со голем жар посакуваат соборување и промена на актуелната власт во Србија.
На предизборниот собир во Бачка Паланка, Вучиќ наведе дека некој однадвор ја отрул атмосферата во земјата, сакајќи да ја промени политиката на Србија, првенствено на меѓународно ниво.
Како што гледате, од Албин Курти и Мило Ѓукановиќ до Андреј Пленковиќ, сите сакаат соборување на власта во Србија. А дали тие сакаат нешто добро за Србија?“, праша Вучиќ.
Тој истакна дека неговото искуство во политиката е огромно и дека никогаш никому не му било попречено да одржува трибини и митинзи.
– Моето искуство во политиката е огромно. Тие луѓе не знаат дека такво нешто никогаш не се случило во Србија. Никогаш никому не му било попречено да одржува трибини и митинзи. Тие непишани правила ги воспоставивме уште во 90-тите години на минатиот век. Никогаш никој не го направил тоа. Моравте да го почитувате оној што размислува поинаку. Не се согласувате со него, размислувате поинаку, сè би направиле поинаку – тоа е во ред, но да му ја попречите слободата на изразување – тоа никогаш. Ова ни се случува денес бидејќи некој однадвор ја отрул атмосферата во Србија, сакајќи пред сè да ја промени политиката на Србија на меѓународно ниво – нагласи Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти, Ѓукановиќ и Пленковиќ – сите…
Александар Вучиќ – носителот на листата „Александар…
Израел оштетил повеќе од 80 проценти од…
Израелските сили оштетиле повеќе од 80 проценти…
ММФ: пазарите на обврзници функционираат, но енергетскиот…
Меѓународниот монетарен фонд оцени дека светските пазари…
Двајца загинати: Брод со жито потона во…
Товарниот брод „Royad Mammadov“, кој превезувал жито…
Нов удар врз саудиската нафтена инфраструктура: Дел…
Саудискиот стратешки нафтовод Исток–Запад повторно се најде…