Вучиќ: Подготвен сум да бидам премиер
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се подготвува да ја преземе функцијата премиер доколку неговата Српска напредна партија го поддржи како кандидат.
Во гостување на телевизијата „Информер“, Вучиќ рече дека има уште неколку дена за да распише предвремени парламентарни избори.
Според него, крајниот рок за распишување на изборите е 10 септември, а како можни датуми претходно ги споменуваше 18 или 25 октомври.
Највисокото раководство на СНС треба да одржи седница во Ниш, на која ќе се разговара и за предвремените избори и за можната кандидатура на Вучиќ за премиер.
Вучиќ изјави дека, доколку ја добие поддршката од партијата и дојде во позиција да формира влада, неговиот кабинет би имал најмногу 12 министри.
Со ова Вучиќ првпат толку директно ја отвора можноста по истекот на претседателската функција или по евентуалните предвремени избори повторно да се врати на премиерската позиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Делови од Киев без струја и…
Делови од Киев останаа без електрична енергија…
Британски разузнавачи: Генералот Апостолски не е агресивен…
Генерал Михајло Апостолски не е агресивен комунист,…
(Видео) Казнети четворица возачи, блокирале булевар во…
Министерството за внатрешни работи информира дека во…
Иран се закани со напади врз интернет-кабли…
Секретарот на иранскиот Врховен совет за национална…
По енергетското „примирје“ – Зеленски: Погодена ТЕЦ-5…
Руските сили вечерва ја погодиле термоелектраната ТЕЦ-5…