Хамнеи бара воена отштета од САД и Израел
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, повика на одлучна борба против корупцијата и интензивирање на напорите за обезбедување надомест за материјалната и моралната штета што, како што наведе, Иран ја претрпел поради американско-израелската агресија.
Хамнеи, за време на средбата со шефот на иранското правосудство, Голам Хосеин Мохсени Еџеи, истакна дека правосудството мора да ја зајакне довербата на јавноста во исламскиот систем преку унапредување на правдата, заштита на правата на граѓаните, ефикасна борба против корупцијата и отстранување на пречките што овозможуваат незаконско дејствување, пренесува иранската телевизија „Прес“.
Тој особено ја нагласи потребата од побрзо, попрецизно и поодлучно решавање на судските предмети, како и од сеопфатни реформи во правосудниот систем.
Хамнеи, исто така, побара поширока примена на современите технологии во работата на правосудството, особено за надзор над спроведувањето на законите, како и редовни инспекции што би придонеле за подобро управување со државните институции.
Тој повика и на испитување на пропустите, поодлучно сузбивање на криминалот и соработка меѓу надлежните органи за отстранување на условите што овозможуваат кршење на законите.
Средбата се одржа неколку дена откако Хамнеи се сретна со претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, со кого разговараше за актуелниот воен судир со САД и Израел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кушнер: САД работат на најголема размена на…
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…
Седум од десет Европејци сакаат ЕУ да…
Околу 71 отсто од Европејците сакаат Европската…
Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…
Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…