Вјоса Османи испраќа косовски војници во Турција

t

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во својство на врховен командант, потпиша овластување за распоредување на војници на Косовските безбедносни сили во меѓународна хуманитарна операција во Турција за да помогнат во отстранувањето на последиците од земјотресот, соопшти вечерва нејзиниот кабинет.

Како што пренесе Бета, Османи изрази целосна солидарност со народот на Турција и изјави дека Косово ќе продолжи да ја дава потребната поддршка.

Во двата земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала што денеска погодија големи делови од Турција и Сирија, според официјални лица, загинаа повеќе од 2.300 луѓе.

Се верува дека стотици луѓе се под урнатините, а билансот ќе се зголеми додека спасувачките тимови пребаруваат низ урнатините во градовите и населените места низ целата област.

Турската агенција за управување со катастрофи соопшти дека загинале 1.498 луѓе, а најмалку 8.533 се повредени, дека се урнале 2.834 згради, а се стравува дека билансот ќе биде уште поголем.

Во Сирија во земјотресот загинаа 810 лица, покажуваат новите податоци на Министерството за здравство и спасувачите во бунтовничките зони на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган повторно ќе се кандидира за претседател…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се…

Турција и Грција ја освојуваат Месечината

Турција планира да го испрати својот прв…

Дронови, хеликоптери и 31.000 надзорници ги обезбедуваат…

Новата учебна година во Турција почна денеска…

Турски суд праќа 16 лица во притвор…

Турски суд нареди притвор на 16 лица…

Фидан: Ердоган планира да ја посети Сирија

Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, за…