Кина ќе инвестира 15 милијарди долари во соларни и ветерни електрани во Турција
Кина и Турција потпишаа прелиминарен договор според кој Кина ќе инвестира околу 15 милијарди долари во изградба на соларни и ветерни електрани во Турција, со вкупен капацитет од 7.000 мегавати, соопшти турскиот министер за енергетика.
Меморандумот за соработка во областа на обновливите извори на енергија го потпишаа националните енергетски администрации на двете земји, на маргините на климатскиот самит КОП31, што се одржува во турскиот град Анталија.
Турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар соопшти дека договорот предвидува и развој на нови системи за складирање енергија, како и изградба на инфраструктура за пренос на електрична енергија со капацитет од 4.000 мегавати.
Договорот е прелиминарен и ги поставува основите за понатамошна соработка меѓу двете земји во развојот на обновливата енергетика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина ќе инвестира 15 милијарди долари во…
Кина и Турција потпишаа прелиминарен договор според…
Турција планира изградба на втора нуклеарна централа…
Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за…
(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…
Пожар избувна во висока станбена зграда во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Испораките на руски гас за Турција речиси…
Испораките на руски гас за Турција преку…