Вakцината пpoтив Koвид 19 во Македонија нema да биде задолжителна – Здравство открива за што утринава се разговара на владината седница

t

Во Македонија вакцината против Ковид 19 нема да биде задолжителна откриваат од министерството за здравство за Инфомакс.

На 132 седница закажана за денеска, која најверојатно ќе биде и последна за овој состав на министри, Владата ќе расправа за предлог-програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Македонија за 2022 година.


„На предлог на Министерството за здравство на седницата е најавена и Предлог-програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2022 година“, се вели во дописот испратен од прес-центарот на Владата на Република Македонија.

На прашањето на Инфомакс дали вакцината против Ковид 19 ќе биде задолжителна,од министерството за здравство велат дека таа е право на избор на секој граѓанин.

-Станува збор за програмата за редовна имунизација. Вакцината за Ковид 19 е право на избор на секој граѓанин и не е во редовниот имунолошки календар, велат од министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Модерна“ започна тестирање врз луѓе за вакцина…

Во САД почнаа првите испитувања врз луѓе…

„Придобивките не ги надминуваат ризиците“: Шведска не…

Шведска одлучи да не препорачува давање вакцини…

Од 600 до 3600 евра казна за…

Австрија од понеделник го укинува карантинот за…

По Норвешка, и Данска размислува да ја…

Данските педијатри ја повикуваат данската здравствена управа…