(Галерија) СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел!?
РЕК Битола секој ден се уништува, производството се намалува, а работниците работат во услови опасни по живот. Комбинатот работи само со еден блок – Блок 3, а и тој не се знае колку ќе издржи оти има сериозни проблеми.




Пред извесно време се случи експлозија во командата на отпепелување на Блок 3 во која изгореа трафостаниците што ги снабдуваат со струја траките за отпепелување! За гаснење на пожарот се искористија над 20 противпожарни апарати, а предизвикана е огромна штета.
Наместо итно да се оспособат трафостаниците, дел од машините се поврзани на продолжен кабел и од него добиваат струја за работа.
Работниците се принудени рачно да работат се што треба и не треба. Секој ден животот им е во опасност, но принудени се да молчат заради закани и притисоци од шефовите.
Директорите и новопечените советници во РЕК Битола знаат за оваа работа и ништо не преземаат. Тие што тврдеа дека ќе го накренат РЕК Битола кога ќе дојдат на власт, се гробарите на комбинатот.
Отпепелувањето на Блок 3 не работи, турбината на Блок 1 има девијација и блокот е надвор од функција, нема абер од ремонти. Во РЕК Битола ситуација никогаш не била полоша!
*Соопштение на СДСМ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…
Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…
*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…
Мицкоски: Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа…
Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити…
Жерновски бара Обвинителството да отвори истрага за…
Обвинителството да отвори истрага за унгарскиот кредит…
Опозицијата уште еднаш ќе побата минимална плата…
Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска најави…