ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури и кога нивни сопартијци ја препознаваат нивната корист
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обидува да ја спинува темата за изградбата и развојот на дата-центрите во земјава, наместо да ги согледа, како што велат, придобивките од оваа индустрија.
Од партијата обвинуваат дека Филипче и СДС се против проекти кои можат да донесат инвестиции, нови работни места и економски развој.
„Веќе е јасно дека за се што е во интерес на граѓаните и за секој проект што носи развој и инвестиции, талогот на СДС предводен од Венко Филипче е против“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека и во случајот со дата-центрите, Филипче создава неоправдана загриженост кај граѓаните.
„Развојот на дата-центрите е можност за привлекување инвестиции, развој на нова индустрија, отворање нови работни места и напредок на државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Во однос на прашањата поврзани со потрошувачката на електрична енергија и водата, од партијата посочуваат дека веќе биле дадени конкретни објаснувања.
„Јасно е кажано дека електричната енергија ќе се набавува на пазар или од обновливи извори, додека за ладењето на дата-центрите постојат повеќе различни решенија. Тоа значи дека манипулациите со наводна опасност за водните ресурси не ја кажуваат целата слика“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата го посочуваат и ставот на поранешниот премиер и актуелен пратеник од редовите на СДС, Димитар Ковачевски, кој јавно кажал дека не го дели ставот на Филипче за ова прашање.
„Значи, Филипче не само што е против проектите на Владата, туку е против секој па дури и сопартијци кои препознаваат дека развојот на оваа индустрија може да биде од корист за државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата дополнително велат дека Филипче зборува за цената на електричната енергија и користењето на водата, но откако се дадени објаснувања за овие прашања, останува впечатокот дека неговата цел не е да понуди решение.
„Останува впечатокот дека неговата цел не е да понуди решение, туку по секоја цена да биде против“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека граѓаните заслужуваат политика која ќе поддржува инвестиции, нови индустрии и економски развој, наместо, како што наведуваат, „политика на постојано кочење од страна на опозицијата и политички спинови“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…
СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…
Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…
За да се победи актуелната власт потребно…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…