Генералниот секретар на Беса: Владата не е стабилна, нема да кажам како но ќе испровоцираме предвремени избори

t

Генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа, синоќа беше гостин во студиото на ТВ21 во дебатниот магазин „Click Plus“.

-Оваа Влада нема лигитимитет. Ова мнозинство не е стабилно. Нема да издржат. Гледате, ДУИ прави кампања против СДСМ. Ние како движење Беса, овој период сме фокусирани на внатрешни партиски избори. Имаме конгрес. Исто е и со Алијанса за Албанците, изјави Хоџа во „Click Plus“ на ТВ21.

Тој вели дека оваа Влада нема да издржи и дека ќе има нови предвремени парламентарни избори.

-Веднаш по периодот на конгресот, ние ќе испровоцираме нови избори. Нема да кажам како, но тоа ќе се случи. Дали преку протести, дали преку други механизми, ќе видиме, додаде Хоџа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Закажани избори во Бугарија – СДСМ може…

Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска распиша предвремени…

Јане Ченто: Единствен излез од овој ќорсокак…

Брзи избори се единственото решение за ситуацијата…

Распуштен италијанскиот Парламент: Италија оди на избори

Претседателот на Италија, Серџо Матарела денеска го распушти Парламентот…

Убедлива победа на владејачката партија на изборите…

Владејачката партија во Јапонија оствари убедлива победа…

БЕСА: Сите да дадеме се од себе…

Движењето БЕСА ја осудува насилната форма на…