ГЕРБ собира потписи за оставка на претседателката на бугарското Собрание по инцидентот со новинарката
ГЕРБ собра 39 од потребните 80 потписи од пратениците за свикување вонредна седница на Народното собрание и за барање оставка од претседателката на парламентот, Михаела Доцова, соопштија од партијата во петокот наутро.
ГЕРБ упатува покана до сите опозициски пратенички групи да се приклучат кон двете барања и да ја поддржат иницијативата со своите потписи.
„Сметаме дека е недозволиво однесувањето на Михаела Доцова, која по грубата реакција на припадниците на Националната служба за обезбедување (НСО) што ја обезбедуваат, невознемирено го напушти местото на инцидентот. Таквото однесување е неспоиво со институцијата што ја претставува“, соопштија од партијата на Бојко Борисов.
Оттаму додаваат дека претседателката на Народното собрание не може да бара почит кон институцијата и да ја претставува по вчерашниот настан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ГЕРБ собира потписи за оставка на претседателката…
ГЕРБ собра 39 од потребните 80 потписи…
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
Заврши одморот за пратениците
Со одржувањето на денешната Работна сесија на…
Огласи за пет вработувања во Собранието, платите…
Отворени се огласи за пет работни места…
Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…