Германија нуди еден милион евра за инфромации за сторителите на енергетската саботажа во Берлин

t

Федералната влада во Германија нуди награда од еден милион евра за информации што ќе доведат до идентификација на одговорните за саботажата на електричната мрежа во Берлин, што резултираше со петдневен прекин на електричната енергија за десетици илјади домаќинства во првите денови од годината.

Според радиотелевизијата Берлин-Бранденбург (rbb), големината на износот ја нагласува важноста што владата ја придава на истрагата на инцидентот, но е и индикација дека сè уште нема докази за сторителите. Одговорноста за нападот ја презеде крајно левичарската организација Вулкан, која во минатото предизвикуваше прекини на електричната енергија, иако не толку обемни како најновиот.

Градот Берлин и федералната влада како целина беа жестоко критикувани за нивниот неуспех да ја заштитат критичната инфраструктура, а рекордно високата награда за сторителите ја потврдува критичноста на случајот.

На пример, по нападот со камион на божиќниот пазар во Берлин во 2016 година, властите понудија награда од 100.000 евра за информации за сторителот, додека во 2019 година понудија 500.000 евра за информации за грабежот на музејот во Дрезден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија нуди еден милион евра за инфромации…

Федералната влада во Германија нуди награда од…

Германија размислува да ги повлече своите златни…

Во Германија, повиците за повлекување на златни…

Маж од Либан, осомничен дека шверцува оружје…

Осомничен член на палестинското милитантно движење Хамас…

Скандал во болница во Германија – болничар…

Скандалозен и вознемирувачки случај ја потресе јавноста…

Германија и Франција испраќаат војници во Гренланд!

Германија и Франција објавија дека ќе испратат…