Маж од Либан, осомничен дека шверцува оружје за Хамас уапсен во Берлин
Осомничен член на палестинското милитантно движење Хамас е уапсен на аеродромот Берлин Бранденбург по пристигнувањето од Либан, под сомнение дека набавувал муниција за напади врз израелски цели, објави обвинителството во Карлсруе.
Уапсениот маж (36) е осомничен дека набавувал боева муниција за напади врз израелски или еврејски институции во Германија и Европа, објави обвинителството, пренесе денес „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Мажот е уапсен синоќа на аеродромот Берлин Бранденбург од страна на припадници на Федералната криминална служба (БКА) и федералната полиција, по неговото пристигнување од Бејрут, а федералните обвинители го обвинуваат дека е член на Хамас и дека е дел од тим на таканаречени странски оперативци.
Истражителите веруваат дека мажот, кој е роден во Либан, набавил околу 300 куршуми боева муниција за Хамас.
Тој треба да се појави пред истражниот судија на Федералниот суд на правдата во Карлсруе во текот на денот, кој ќе одлучи за неговото притворање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…
Израел да се повлече од Либан, а…
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…
Најмалку четворица загинати и 20 повредени во…
Израелската армија ја нападна и уништи болницата…
Израел изведе напади во јужен и источен…
Најмалку три лица загинаа, а 23 се…
Израелската армија тврди дека елиминирала припадник на…
Израелската армија соопшти дека во воздушните напади…