Објавено на:

Германците СЕ ЗБОГУВАА СО РУСКИОТ ГАС?

t

Најголемиот германски снабдувач со гас Унипер објави дека го раскинува долгорочниот договор за снабдување со гас со Газпром.

Унипер денеска одлучи да ги раскине долгорочните договори за набавка на гас од Русија и со тоа правно ги заврши долгорочните односи со руската државна компанија Газпром експорт“, се наведува во соопштението на германската компанија.

Како што се посочува, одлуката е донесена откако арбитражниот суд на 7 јуни му даде право на Унипер да ги раскине договорите.

Газпром Експорт ја прекина испораката на гас за Унипер во средината на 2022 година.

Од 2022 година, многу европски земји делумно или целосно престанаа да добиваат гас од Гаспром. Пролетта руската компанија ги намали или прекина испораките за Бугарија, Полска, Финска, Холандија, Германија и Данска, а како причина најмногу го наведе тоа што не го спроведоа указот на претседателот на Русија за плаќање на гас во рубли. До есента таа година, испораките долж главната траса – Северен тек – престанаа.

Испораките по белоруската рута „Јамал – Европа“ беа исто така прекинати, а по украинската рута беше значително намалена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицотакис: Грција нема да ги открие оружјата…

Ова е ставот на Стејт Департментот, на…

Филипче: Кредитот е неповолен, станува збор за…

Гледано од економски аспект кредитот од 500…

Минчев: Буџетот е во катастрофална состојба

Министерот за јавна администрација Горан Минчев веќе…

АХВ: Заштитете ги и животните од високите…

Во услови на високи надворешни температури Агенцијата…

Македонија се бори со огнени стихии, пожари…

Граѓаните да не се движат во населените…