Објавено на:

Гладни сме, видете во што се претворивме: Граѓани погодени од земјотресот во Турција во очај ограбуваат продавници

t

Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани во урнатините по разорните земјотреси што го погодија регионот околу турско-сириската граница. Бројот на загинати постојано се зголемува, а сега се искачи на повеќе од 16.000.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во 10-те региони најпогодени од земјотресите.

Во истовреме, очајот се зголемува во провинцијата Хатај, најтешко погодената област во зоната на земјотресот во Турција. Толпи луѓе се слеваат во продавниците кои беа напуштени по земјотресот, пренесува „Скај њуз“.

Гладни сме“, вели еден човек.

Погледнете во што се претворивме. Нашата човечност е мртва“, вели друга жена.

Еден маж, кој го покрива лицето со шал, бесно зборува за недостигот на помош од турскиот лидер Реџеп Тајип Ердоган.

Имам деца. Земам само јогурт за да јадат. Јас би платил сè, но тие не ги отвораат своите продавници“, вели човекот со многу лутина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хакери се обиделе да ги уништат резервите…

Француските власти истражуваат кибернапад врз неколку регионални…

Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија…

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни…

Европската комисија ги препознава конкретните резултати од…

Извештајот на Европската комисија за 2026 година…

Откриен идентитетот: Билјана Кириќ (17) е девојката…

Седумнаесетгодишната Билјана Кириќ е девојката која беше…

„Дејли мејл“: Трамп бесен по изборниот пораз,…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја следел изборната…