Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога вредна 3,5 милиони евра
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони евра во областа околу градот Торино, како и големо количество оружје.
Дрогата и оружјето се запленети во две одделни операции започната во зора на 28 мај, меѓу Босконеро и Торино, а во акцијата, исто така, се уапсени две лица, пренесе „Торино тудеј“.
Оваа масовна заплена е кулминацијана голема операција против дрога и нелегално тргување со оружје која во областа на Торино ја спроведоа карабинерите на Оперативната мобилна единица на Ивре и станицата Сентимо Витоне, Ивреа и Ривароло Каснавезе.
Во акцијата се уапсени 48-годишен Албанец и 34-годишен Италијанец, кои претходно и биле познати на полицијата, поради поседување големи количини наркотици наменети за дистрибуција, илегално поседување огнено оружје и прием на украдена дрога.
Во претресот на куќата на 28-годишниот Албанец се запленети приближно 10.000 евра во готовина од сомнително потекло, додека во текот на истрагата на шумовитото подрачје во Босконеро е откриена голема залиха наркотици, добро скриена во земја и покриена со метален лим.
Пронајдени се и 1,6 килограми кокаин, 530 грама хашиш, заедно со прецизни ваги и разни материјали кои се користат за пакување дози за трговија на дрога.
Потоа претресот е проширен на куќата на 34-годишниот Италијанец во Босконеро.
Водени од кучиња трагат, полицајците се фокусирале на пребарувањето на парцелата што ѝ припаѓала на неговата куќа.
Во земјата се пронајдени 7 килограми кокаин и повеќе од 6,6 килограми хашиш.
Дрогата била складирана во термички затворени кеси, кои потоа биле скриени и закопани во пластични садови.
Полицијата пронашла и арсенал кој се сотоел од полуавтоматска пушка, двоцевка сачмарка и пет пиштоли со различен калибар, вклучувајќи и револвер.
Како што се наведува, ова оружје е веројатно украдено претходно.
Дрогата и оружјето се запленети, а двајцата уапсени мажи се префрлени во затворот во Ивреја, па налог на локалното обвинителство кое ја координира истрагата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…
Европа е под инвазија на опасни идеологии…
Европа се соочува со „инвазија“ на опасни…
Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Гаши во Струга: Проширувањето на ЕУ е…
Проширувањето на Европската Унија претставува една од…
Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…
Две повозрасни лица биле физички нападнати на…