Гаши во Струга: Проширувањето на ЕУ е клучно за стабилноста на Европа

t

Проширувањето на Европската Унија претставува една од најважните политики за долгорочната стабилност, безбедност и просперитет на европскиот континент, истакна претседателот на Собранието Африм Гаши на отворањето на 23. Конференција на парламентарни комисии за европски прашања/интеграции на земјите од Процесот на стабилизација и асоцијација на Југоисточна Европа, што се одржува во Струга.

Тој порача дека земјите од Западен Балкан припаѓаат во Европската Унија не само географски, туку и вредносно и историски, додавајќи дека регионалната соработка е клучна за забрзување на интегративниот процес.

Гаши нагласи дека во услови на сложени геополитички, економски и безбедносни предизвици, потребни се координирани европски политики, солидарност и силни партнерства. Според него, проширувањето е најдобар инструмент за зајакнување на мирот, демократијата, владеењето на правото и стабилноста во Европа.

Зборувајќи за регионалната поврзаност, тој истакна дека таа е клучен елемент за економска отпорност и одржлив развој, посочувајќи дека Северна Македонија има активна улога во унапредување на инфраструктурната и транспортната поврзаност во регионот.

Гаши посочи и дека улогата на националните парламенти во процесот на интеграција е од особено значење, со одговорност за носење квалитетни закони, парламентарен надзор и одржување дијалог со граѓаните, со цел побрзо приближување кон полноправно членство во ЕУ.

На отворањето се обрати и потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, кој истакна дека регионалната соработка и реформската агенда остануваат клучни приоритети на државата, нагласувајќи дека реформите се корисни за сите земји од регионот и за унапредување на стандардите во сите области.

Тој изрази надеж дека процесот на проширување повторно ќе добие силен политички замав во Европската Унија и дека земјите од регионот ќе успеат заеднички да направат значајни чекори напред кон евроинтеграциите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска стана шеста економска сила во ЕУ,…

Полската економија станува се позначајна во Европската…

Зеленски за ЕУ: Го разбирам скептицизмот на…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски по средбата…

ЕУ им постави ултиматум на пет држави…

Европската Унија им постави ултиматум на пет…

Муцунски за „Политико“: Македонија заслужува праведен и…

Македонија заслужува праведен, предвидлив и кредибилен пат…

Појасни етикети за месото – ЕУ ги…

Европската Унија најави голем пресврт во политиката…