Голема акција на МВР, се апси за лажни возачки за автобуси и камиони

t

На дваесетина локации МВР денеска извршува претреси, а во рамки на истрагата за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија.

Денешната акција следува по истрагата што Внатрешната контрола на МВР ја отвори минатиот месец, кога беше откриено дека вработени во управните служби незаконски впишувале повисоки категории во возачки дозволи на лица кои немале положено испит за управување камиони или автобуси. Потоа следувале и проверки за да се утврди колку службеници биле вклучени во шемата и колку возачки дозволи биле издадени на ваков начин.

-МВР денеска спроведува координирана акција со претреси на повеќе локации поради сомненија за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија. Акцијата е во тек, со цел расчистување на случаите и обезбедување материјални докази, одговорија од МВР за ,,Фокус”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев лут на ЕП за критиките за…

Бугарскиот премиер Румен Радев реагира за резолуцијата…

Петровска: На СДСМ му треба лидер со…

Славјанка Петровска потврди дека има амбиција да…

Германија уапси Украинец осомничен дека собирал воени…

Германските власти уапсиле украински државјанин во покраината…

ЕУ: Цврсто стоиме зад Меѓународниот кривичен суд

Европскиот парламент одлучи наградата „Сахаров“ за слобода…

Луѓе гинат и во ЕУ“: Морнарите бараат…

Синдикатот на морнари на Хрватска побара морското…