Петровска: На СДСМ му треба лидер со знаење и искуство за да ја преброди кризата

t

Славјанка Петровска потврди дека има амбиција да застане на чело на СДСМ, но смета дека во овој момент не треба да биде претседателка на партијата. Во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ, таа порача дека на СДСМ сега му е потребен тим со знаење, политички капацитет и искуство за надминување на кризата.

„Природно е да имам амбиција. И јас, за разлика од другите, ќе бидам многу искрена и ќе кажам дека да, имам, но јас не сметам дека сега треба да бидам претседател на СДСМ“, изјави Петровска.

Говорејќи за тоа какво раководство ѝ е потребно на партијата, таа нагласи дека личните амбиции не треба да бидат во преден план. Според неа, потребно е да се обединат луѓе кои имаат знаење и искуство да одговорат на предизвиците со кои се соочува СДСМ.

Петровска истакна дека за изборот на иден лидер не е пресудно дали станува збор за маж или жена, туку дали личноста има политичка зрелост и способност да ја води партијата низ тежок период.

„На СДСМ ѝ треба човек, личност која ќе има капацитет, политичко знаење и огромно искуство да го преброди овој тежок период кој ќе дојде“, порача таа.

Нејзиниот став е дека излезот од кризата треба да се бара во тимска работа и во јасна политичка насока. Иако не ја крие сопствената амбиција, Петровска оценува дека актуелните потреби на СДСМ се поважни од прашањето кој ќе ја преземе лидерската функција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровска: На СДСМ му треба лидер со…

Славјанка Петровска потврди дека има амбиција да…

Германија уапси Украинец осомничен дека собирал воени…

Германските власти уапсиле украински државјанин во покраината…

ЕУ: Цврсто стоиме зад Меѓународниот кривичен суд

Европскиот парламент одлучи наградата „Сахаров“ за слобода…

Луѓе гинат и во ЕУ“: Морнарите бараат…

Синдикатот на морнари на Хрватска побара морското…

Трамп заврши зад решетки во Техеран: Необична…

Необична сцена привлече големо внимание во главниот…