Голем удap за Фејсбук, Гугл и Јутјуб, ЕУ воведува нова забрaна

t

Таргетираните огласи на интернет заминуваат во историјата, бидејќи во Европската унија е забрането собирањето податоци на граѓаните за рекламирање. На социјалните платформи повеќе не им е дозволено да креираат потрошувачки профили врз основа на нивните лајкови и коментари и да ги продаваат на огласувачите, за да можат да почнат да наплаќаат за нивните услуги.
Со тесно мнозинство од околу триесет гласови во Европскиот парламент беше усвоена забраната за преземање податоци на граѓаните заради рекламирање на Интернет, со што дополнително се заштитуваат правата на поединците. Тоа значи дека социјалните платформи, како „Фејсбук“, „Гугл“ и „Јутјуб“, кои најмногу заработуваат од реклами, веќе не смеат да собираат и продаваат лични податоци на граѓаните кои ги користат, а се наоѓаат во Европската унија.
Хрватската европратеничка Билјана Борзан, која предложи измена на 22-годишниот Закон за дигитални услуги, рече дека промената ќе ги заштити корисниците на Интернет од самоволието на големите платформи и дека сега ќе мора да ги проверат сите компании кои се рекламираат на нив и обезбедуваат квалитетна услуга.

Покрај собирањето податоци за рекламни цели, забрането е и обработка на чувствителни податоци, како што се информации за сексуалната ориентација, што алгоритмот може да ги претпостави следејќи ги активностите на корисниците на платформата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Секој петти автомобил во ЕУ ќе функционира…

Српскиот литиум, привлекува големо внимание во последните…

Унгарија ја тужи ЕУ

Унгарија ја тужи Европската Унија, со цел…

Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…

ЕУ остварила суфицит од 9,7 милијарди евра…

Европскиот извоз во трети земји во мај…

Стано: ЕУ нема донесено одлука за укинување…

Европската унија се уште нема донесено одлука…