Објавено на:

Го прогласија за умрено: ЕУ бара измена на договорите со Фајзер, не се потребни толкави количини вакцини

t

Владите на Европската унија го засилија притисокот врз Фајзер и другите производители на вакцини повторно да преговараат за договорите, предупредувајќи дека милиони дози вакцини кои повеќе не се потребни ќе пропаднат.

За време на најтешката фаза на пандемијата на коронавирусот, Европската комисија и европските влади, стравувајќи од недостиг, се согласија да купат големи количини вакцини, главно од американскиот Фајзер и партнерот Бионтех од Германија. Откако пандемијата престана во Европа и се забави вакцинацијата, многу земји сакаат измени на договорот за да се намалат пратките, а со тоа и нивната цена. Прашањето беше дискутирано на состанокот на министрите за здравство на ЕУ во Луксембург, иако ЕК останува внимателна околу тоа што може да се постигне.

Полска, земја која води во повиците за ревизија на договорот, има на залиха повеќе од 30 милиони дози вакцина, а според постоечкиот договор треба да купи уште 70 милиони дози, изјави полски дипломат.

Полска има речиси 38 милиони жители, а 60 отсто од нив се целосно вакцинирани, не вклучувајќи ги „бустер” дозите.

Во ЕУ просекот е 70 проценти.

Во писмото до ЕК претходно овој месец, полскиот министер за здравство Адам Ниџиелски и неговите колеги од Хрватска, Бугарија, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија и Романија повикаа на „намалување на количината” на нарачаните вакцини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…

Хрватска го засилува дипломатскиот притисок врз Црна…

Полска ќе го повика рускиот амбасадор по…

Рускиот амбасадор во Полска ќе биде повикан…

Герапетритис: Македонија веќе постигна значителен напредок во…

Македонија веќе постигна значителен напредок во повеќе…

Латвискиот премиер повикува ЕУ да ги затвори…

Латвискиот премиер Андрис Кулбергс ја повика Европската…

ЕУ планира данок од 3% за дигиталните…

Европската Унија предлага данок од три проценти…