Полска ќе го повика рускиот амбасадор по упадот на три руски ракети

t

Рускиот амбасадор во Полска ќе биде повикан во Министерството за надворешни работи во врска со навлегувањето на три руски крстосувачки ракети во воздушниот простор на земјата минатата недела, соопшти полската новинска агенција ПАП, цитирана од ДПА.

Портпаролот на министерството уточни дека претходно безбедносните служби и војската треба да ја завршат истрагата за инцидентите.

Во саботата полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски изјави дека Варшава пред руската страна ќе го изрази „најкатегоричното незадоволство“ поради нарушувањето на полскиот воздушен простор.

Во петокот, за време на големите руски воздушни напади врз Украина, три летачки објекти навлегле во воздушниот простор на Полска, членка на ЕУ и НАТО, и се урнале на нејзина територија.

По анализата на остатоците, полското обвинителство соопшти дека сите три објекти биле руски крстосувачки ракети од типот Х-101. Се смета дека биле произведени во четвртиот квартал од оваа година во фабрика за оружје во Дубна, на околу 140 километри северно од Москва.

Естонскиот вршител на должноста амбасадор во Москва, Марек Јухтеги, бил повикан во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација поради одлуката на Талин да ги затвори граничните премини меѓу двете земји, објавија Ројтерс и ТАСС.

Дипломатот веќе пристигнал во зградата на министерството, пренесува БТА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска ќе го повика рускиот амбасадор по…

Рускиот амбасадор во Полска ќе биде повикан…

Герапетритис: Македонија веќе постигна значителен напредок во…

Македонија веќе постигна значителен напредок во повеќе…

(Видео) Три руски ракети Х-101 експлодирале во…

Во Полска на 20 ноември експлодирале три…

Латвискиот премиер повикува ЕУ да ги затвори…

Латвискиот премиер Андрис Кулбергс ја повика Европската…

ЕУ планира данок од 3% за дигиталните…

Европската Унија предлага данок од три проценти…