Градоначалникот на Љубљана меѓу најмоќните луѓе во Словенија: Доби јавно извинување од министер
Словенечкиот неделник „Репортер” објави дека долгогодишниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ е меѓу 10. најмоќни луѓе во Словенија, а за тоа говори фактот што доби јавно извинување од министерот за здравство на Словенија, Данијел Бешиќ Лоредан.
„Репортер” наведува дека јавното извинување е понижувачко за министерот за здравство, а всушност е јавна демонстрација на сила.
Лоредан Бешиќ го критикуваше Јанковиќ дека е одговорен за кадровските проблеми во љубљанскиот Здравствен дом, како и оти сака да затвори два единици од здравствениот дом и да го продаде земјиштето на кое се наоѓаат, што Јанковиќ „со згрозување” го отфрли.
„Репортер” тврди дека реформата во здравството што ја најавија актуелниот премиер Роберт Голоб од Движењето за слобода (ГС) и неговиот сопартиец, вицепремиерот и министер за здравство Даниел Бешиќ Лоредан, ќе бидат одлучувачки за успехот или неуспехот на словенечката Влада.
Владата на Голоб, формирана по парламентарните избори во април 2022 година, според предвидувањата на економистите, се очекува да се соочи со многу други искушенија поврзани со војната во Украина, енергетската криза и кризата со снабдувањето со храна
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Семејна трагедија во Словенија, дете паднало во…
Трагедија се случила во близина на водопадот…
Мисајловски во посета на Словенија: Средба со…
Министерот за одбрана Владо Мисајловски од денес…
Словенечкиот премиер најави пренасочување на 50 илјади…
Словенечкиот премиер Јанез Јанша најави дека сака…
Филмска потера во Словенија: Ранил полицаец и…
Дваесет и едногодишниот осомничен бил фатен во…
Словенија ја укинува деветолетката по лошите резултати…
Словенија целосно ќе го реформира образовниот систем…