Граѓаните мора да се пристојно облечени кога ќе подигнуваат пасоши и лични карти: МВР воведе нов Кодекс

t

Граѓаните ќе мора да се облекуваат пристојно кога ќе ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи откако МВР објави дека воведува Кодекс за облекување за вработените и странките.

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи.

Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и почитување на државните институции. Во таа насока, ги замолуваме сите граѓани пред доаѓање во нашите простории (за подигнување лични документи, пасоши или други административни услуги) да се погрижат нивниот изглед да биде во рамките на општоприфатените норми за јавни институции.

Истовремено, напоменуваме дека и сите вработени во Одделот се задолжени доследно да го почитуваат утврдениот кодекс за облекување наменет за вработените во Министерството“, потенцираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓаните мора да се пристојно облечени кога…

Граѓаните ќе мора да се облекуваат пристојно…

Поранешен албански министер со провокативни изјави за…

Поранешниот министер за правда на Албанија, Спартак…

Иран: Добивме нацрт-договор за крајот на војната

Иранската државна телевизија денес соопшти дека Техеран…

Зеленски му пиша писмо на Трамп: „Ситуацијата…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати итно писмо…

Европа забрзано старее и губи жители, ЕУ…

Европската Унија се соочува со сериозен демографски…