Поранешен албански министер со провокативни изјави за Македонија – „Албанска федерација со пет држави“
Поранешниот министер за правда на Албанија, Спартак Нѓела, предизвика реакции во јавноста со своите изјави поврзани со албанското прашање на Балканот и иднината на регионот.
Како што пренесува информативната агенција Илирија-ИНА, Нѓела говорел за, како што навел, „албанска федерација со пет албански држави“, при што изнел и тврдења за можни политички и територијални промени во Северна Македонија.
Во својата изјава од Тирана, тој рекол дека „албанскиот дел од С.Македонија“ би се обединил со Косово, додека, според неговите зборови, „бугарскиот дел“ би се обединил со Бугарија.
Нѓела во своите ставови ја споменал и идејата за федерација која би ги вклучувала Албанија, Косово, Чамерија, Северна Македонија и Северен Епир.
„Албанците во Северна Македонија се кренаа за албанството и албанскиот јазик. Сè покажува албанска национална сила и јасност во нивното барање за независност“, изјавил Нѓела, според Илирија-ИНА.
Неговите изјави во дел од јавноста беа оценети како провокативни и насочени кон нарушување на територијалниот интегритет и суверенитетот на Република Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична за директорот на Комуналното од Делчево…
Директор на јавно претпријатие во Делчево заработи…
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Бебето Хана едвај преживеа,…
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Јас сум мајката на…
Индискиот извоз на оружје во Европа пораснал…
Индија од 2023 година наваму продала на…
ПРИОРИТЕТ ВО НОВИОТ ЗАКОН ЗА РУДАРСТВО СЕ…
Властите прогнозираат дека ефектите од рудниците можат…
Доскорешниот началник на Генералштабот на АРМ, Васко…
Поранешниот началник на Генералштабот на Армијата на…