Граѓаните мора да се пристојно облечени кога ќе подигнуваат пасоши и лични карти: МВР воведе нов Кодекс

t

Граѓаните ќе мора да се облекуваат пристојно кога ќе ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи откако МВР објави дека воведува Кодекс за облекување за вработените и странките.

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи.

Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и почитување на државните институции. Во таа насока, ги замолуваме сите граѓани пред доаѓање во нашите простории (за подигнување лични документи, пасоши или други административни услуги) да се погрижат нивниот изглед да биде во рамките на општоприфатените норми за јавни институции.

Истовремено, напоменуваме дека и сите вработени во Одделот се задолжени доследно да го почитуваат утврдениот кодекс за облекување наменет за вработените во Министерството“, потенцираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…

Мерц повика на единство на владејачката коалиција…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…

Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…

Бразил во недела, на 25 октомври, избира…

Вашингтон барал од Маск да го вклучува…

Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…

Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…

Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…