Објавено на:

Грета Тунберг и десетици активисти го блокираа влезот во Министерството за енергетика во Осло

t

Шведската активистка за проблемите со климата, Грета Тунберг, и десетици други активисти утринава го блокираа влезот на Министерството за енергетика на Норвешка, протестирајќи против ветерните турбини изградени на земјиште што традиционално го користи домородното население Сами.

Норвешкиот Врховен суд пред две години пресуди дека двете турбини на ветер, гледано од перспектива на меѓународните конвенции, ги прекршиле правата на народот Сами, но турбините продолжија да работат во следните 16 месеци.

-Тука сум да ја поддржам борбата за човекови права, како и правата на домородните луѓе, изјави Тунберг за британските медиуми, додека седеше пред главниот влез на министерството со другите демонстранти.

Таа оцени дека државата Норвешка ги крши човековите права, дека тоа е апсолутно неприфатливо и дека е потребна солидарност во оваа борба.

Чуварите на ирваси од оваа нордиска земја велат дека самата појава и бучава на големите турбини на ветер ги плаши нивните животни и ја нарушува вековната традиција. Тие бараат да се исклучат турбините на ветер.

Норвешката Влада соопшти дека крајната судбина на турбините на ветер е сложена правна и политичка загатка, и покрај одлуката на Врховниот суд, додавајќи дека се надеваат дека ќе постигнат компромис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…