Груби: И без техничка влада, премиер Албанец ќе има

t

Првиот вицепремиер Артан Груби за „Слободен печат“ вели дека за измена на Изборниот законик мора да има консензус. ДУИ се залага за укинување на техничката влада. Груби вели дека и да има и да нема техничка влада, премиер Албанец во последните 100 дена на владата ќе има.

-Изборниот законик треба да биде усвоен консензуално, а не еднострано затоа што законикот ги определува правилата за сите. Во однос на укинувањето на техничката влада, тоа е став на ДУИ уште од пред изборите затоа што е апсурдно членка на НАТО и земја со зелено светло за отпочнување на преговори за членство во ЕУ да има техничка влада за спроведување избори поради недовербата во институциите преку нефункционален систем којшто ја блокира владата. Тоа беше и дел од коалицискиот договор и нема ниту една последица по договорот за прв премиер Албанец затоа што не се взаемно зависни затоа што укинувањето на техничката влада и политички премиер со полни надлежности во последните 100 дена влада беше и останува дел од договорот којшто гледаме дека го почитува и ВМРО-ДПМНЕ, но и парламентарните партии на Албанците ветија дека ќе гласаат за – вели Груби за „Сободен печат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани

Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…

Се урна стар мост во Индија, има…

Четири лица загинаа, а 51 се повредени…

Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…

Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…

Израел ја погоди иранската државна телевизија за…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…