(Видео) Груевски го напаѓа СДСМ, а Мицкоски го напаѓа Груевски – Го нарекува естрада, фолклор,негов противник, и феномен кој тој ќе го прегазел и ќе покажел како се љуби државата!?

t

Неверојатен антиталент за политика е Христијан Мицкоски. Конфликтна личност до немај каде, која не може да ги контролира своите фрустрации и длабоки комплекси на пониска вредност.
Тоа е и една од главните причини што “одремува” седум години во опозиција со најдолг опозициски стаж споредено со другите двајца негови претходници како водачи на ВМРО-ДПМНЕ.
Со овие слабости, дури и кога би дошол на власт, тоа нема да биде славно владеење и нема да трае долго. Но, и покрај предноста на анкетите, на добар пат е повторно да не ја донесе партијата на власт. Се скара со кого стигна. Од него излегува омрза, а не љубов. Таков човек никогаш неможе да биде вистински лидер. Од лидерите излегува позитивна енергија.

На почетокот на септември преку странски весник ненадејно и неочекувано фронтално го нападна неговиот претходник Никола Груевски, лице кое партиското членство многу го почитува заради партиските и државните успеси и отпор против промената на името, заради што и заработи грст проблеми.
Во една таква ситуација логично ќе беше оние кои најмногу добиле подршка од него да бидат токму оние кои ќе го штитат и ќе му помогнат. Прв од тие е Мицкоски, кој од “никој и ништо” во политиката и партијата, Груевски го издигна до самиот трон.

Наместо со возвратна помош, Мицкоски му врати со пожесток напад од неговите долгогодишни противници. Луѓето кои добро го познаваат Мицкоски велат дека има големо одсуство на самодоверба, скромни способности и чувствува дека не е толку посакуван меѓу членството како што беа неговите два претходника и како што сеуште е Груевски.

Можеби дел од причината зошто Мицкоски во септември фронтално го нападна Груевски беше да покаже пред меѓународниот фактор дека е во лоши односи со него и со тоа да добие поени. Наместо тоа доби дека “ни кола не би купиле од таков човек”.

Бизарно, зарем не? Тоа значи внатрешно во себе Мицкоски се уште не се чувствува за лидер, особено откако не успеа со нападот да го порази Груевски. Напротив, му тргна една “флека” дека токму тој стои зад одлуките на Мицкоски.

Еден од неговите најверни приврзаници неодамна на прашање зошто го направија ова со Груевски, во круг на неколку свои пријатели одговорил: “за да се роди нов лидер, стариот мора да умре”.

Всушност човекот само ја пренесува атмоферата од штабот од Мицкоски и одреден број клиентелисти.

На гостувањето на 360 степени кај новинарот Васко Поппетревски не многу вештиот Мицкоски прво наседна на прашње кое е базирано на нешто што не се случило.

Иако новинарот кажа дека Груевски напишал дека професорскиот пленум бил почеток на падот на владата на ВМРО-ДПМНЕ во кој активно учество земала Гордана Силјановска Давкова, и на тоа го базираше прашањето дали сега Груевски се вмешува во изборот на претседателски кандидат на партијата, Мицкоски иако потврди дека го читал постот на Груевски не се сети да одговори дека во постот на Груевски нема такво нешто. Тој не ја споменува Силјановска – Давкова туку ја критикува позицијата на пленумот да нема никаква обврска за професорите повремено да објавуваат научни трудови во најпознататата групација на научни списанија во светот и тоа го спореди со спротивен пример, со успесите на Унгарија како спротивен случај и која веќе има 15 Унгарци нобеловци и уште 9 други кои се делумно Унгарци.
Единствено што Груевски направи е што меѓу 3 одбрани фотографии очигледно превземени од интернет, од времето на протестите на пленумот, на едната се гледа и присуството на Силјановска-Давкова, која беше своевиден неформален водач на пленумот и сите знаеме дека тогаш беше против ВМРО-ДПМНЕ, како што сите знаеме дека беше министер во владата на Црвенковски.

Мицкоски како и обично на почетокот на реченицата се обидува да се прикажи дека е кул, но тоа не трае долго. Многу брзо потоа се нафрли врз Груевски во негов познат манир, кажувајќи иако индиректно сепак прилично јасно, дека Груевски го чувствува за противник, па сврте дека Груевски бил фолкот и естрада во изминатите години, за на крајот да каже дека логично било поранешни и сегашни активни во политиката, а нели прашањето е за Груевски па јасно е на кого се однесува одговорот, што биле против него и ВМРО-ДПМНЕ(човекот се идентификува со партијата во која според анкетите пола членство не се изјаснува дека во него има доверба) ќе се обидувале да го попречат во остварување на задачата.

На почетокот на септември кога прв пат јавно го нападна Груевски беше уште по експлицитен во обвинувањата кон него, па еве веќе четири месеци нема ништо од тоа. Напротив, Груевски исто како и претходно и тоа како жестоко го напаѓа, СДСМ, Заев и Ковачевски. А Мицкоски го напаѓа Груевски. Излегува како Мицкоски да е погоден од нападите на Груевски на СДСМ. Многу чудно, зарем не?

На крајот Мицкоски го портретира Груевски како “феномен” кој тој ќе го “прегазел на избори”, иако Груевски нема најавено учество на изборите и е во прилично незгодна ситуација бранејќи ги националните интереси, па веројатно наместо “згазување”, Груевски очекувал помош од Мицкоски.

Се чини како Мицкоски со сите сили да се обидува да го принуди Груевски на акција, колку и тоа да звучи нерационално. Особено сега, кога веќе е јасно дека СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците ќе настапат заедно во предизборна коалиција и кога е повеќе од јасно дека меѓународниот фактор на чело на САД не сакаат да го видат Мицкоски на чело на владата, не затоа што е многу тврд за националните прашања како што некогаш беше Груевски, бидејќи Мицкоски веќе им има ветено експресна промена на уставот по изборите, туку затоа што имаат констатирано дека е нестабилен и постојано лаже, но и дека има коруптивни активности особено откако сега веќе над две години предводи партија која е локална власт во најголем дел од општините.

Мицкоски завршува со поентата дека откако ќе го прегазел Груевски, ќе покажел како се љубела државата. Откако ги “изљуби” општините, со притисок на градоначалниците да му изнудуваат пари, сега ќе почнел да ја љуби државата.

На крај разбираме зошто Мицкоски единствен спас гледа или во коалиција со СДСМ откако Заев повторно би ја вратил контролата над партијата, или во широка коалиција. И тоа нема да е лесно, не само затоа што со Заев не си никогаш сигурен, туку и затоа што меѓународниот фактор не е најсреќен со таква коалиција и би ја прифатил само во крајна ситуација.

Подолу видеото од најновиот напад на Мицкоски врз Груевски, кој Груевски го игнорираше:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО отвори истрага за ортакот на Александар…

Основното јавно обвинителство има отворено истрага за…

(Видео) Груевски го напаѓа СДСМ, а Мицкоски…

Неверојатен антиталент за политика е Христијан Мицкоски.…

БОМБА на Јакимовски: ДПМНЕ пробува да заташка…

На ул. Пиринска на 24.11. се случи…

Секоја одлука на Касами е поддржана од…

Соработката помеѓу политичката партија БЕСА на градоначалникот…

Мицкоски се пофали со парите што Ковачевски…

По градоначалниците, денеска и Христијан Мицкоски се…