Груевски со нов нокаут за Бугарија – Бугарскиот МНР во 1895 година: Емигрантите од Македонија се Македонци, странско население!

t

Поранешниот премиер Никола Груевски продолжува со серијалот текстови со кои се потврдува самобитноста на македонскиот народ. Груевски денеска на Фејсбук сподели став на министерот за надворешни работи на бугарија од 1895 година кој јасно кажува дека доселениците од Македонија се Македонци и дека треба да се сметаат за странско население.

Во продолжение објавата на Груевски на Фејсбук:

ЗА МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА БУГАРИЈА ВО 1895 ГОД. ЕМИГРАНТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА БИЛЕ МАКЕДОНЦИ И ГИ СМЕТА ЗА СТРАНСКО НАСЕЛЕНИЕ

Григор Начович (1845-1920) бил бугарски финансиер, дипломат и политичар

Во почетокот бил меѓу лидерите на Конзервативната партија, подоцна учествувал во влади со спротивна политичка ориентација, како оние на Стефан Стамболов, Константин Стоилов и Тодор Иванчов. За тоа време бил многу образован и искусен човек. Се образувал во грчкото училиште во Свиштов-Бугароја, потоа на Францускиот католички колеџ во Константинопол (Истанбул), па на трговското училиште во Виена, како и на Вишата школа за финансии во Париз. По завршувањето на политичката економија во Париз, станал трговец во Свиштов, каде што во 1866 г. раководи со тајниот револуционерен комитет за ослободување на Бугарија.

Живеел и работел и во Белград и во Виена, пишувал за француски и германски весници, основал и книжевно друштво во странство, организирал и испраќал доброволци во српско-турската војна а потоа и самиот се вклучил во руско-турската војна (1876-1878), кога се придружил на рускиот генералштаб и кога Русија ја ослободила Бугарија, која тогаш добива статус на кнежевство.

Значи по сите параметри несомнено уште во тој период станува збор за голем бугарски интелектуалец, патриот и револуционер во тој период.

Потоа се вклучил во политиката, станал водач на конзерватовната партија, бил министер за финасии во првата бугарска влада (1879 и 1882-1883 год.). Потоа станал министер за надворешни работи (1879 – 1880), помошник градоначалник на Софија (1880 – 1881), министер за внатрешни работи (1882). Бил член на Државниот совет (1881 – 1883). На крајот на мандатниот режим бил министер за финансии во коалициската влада на Драган Цанков (1883 – 1884). Во 1882 година станал дописник, а во 1884 година – редовен член на Бугарското книжевно друштво, денес Бугарска академија на науките.

Во 1885 година Начович бил назначен за дипломатски агент на Бугарија во Букурешт и официјално останал на оваа позиција до 1886 година. По симнувањето од тронот на принцот Александар I, Батенберг се вратил во Бугарија и бил министер за надворешни работи и финансии во неколку влади (1886 – 1888). Помеѓу 1889 и 1891 година бил претставник на Бугарија во Виена, по што повторно бил министер за финансии и надворешни работи (1891 – 1892 и 1894 – 1896), градоначалник на Софија (1896 – 1897) и министер за трговија и земјоделството (1899 – 1900). Од 1903 до 1906 година бил дипломатски претставник во Константинопол. Преговарал и го потпишал договорот со Турција од март 1904 година.Во 1908 година пишува во весникот Реч, близок до Народната партија. Учествувал и во преговорите за склучување на Лондонскиот договор во 1913 година.

Починал во Софија на 4 јануари 1920 година.

Значи станува збор за славен и исклучително искусен дипломат и политичар и голем бугарски патриот, образован и со работно искуство како трговец во европски школи и држави како ретко кој од Балканот во тоа време, кој знаел што зборува, имал огромни познавања, контакти и информации. Навистина ретко кој во политичката кариера бил по 3-4 пати министер за финасии и исто толку пати министер за надворешни работи, а бил и министер за внатрешни работи, министер за земјоделие и трговија. Додатно освен што бил меѓународен трговец, во повеќе наврати бил дипломат во странство и член на тело кое подоцна станало академија на науките на Бугарија. Навистина импресивна биографија, не само во првата фаза на неговиот живот, туку и во постобразовниот и постреволуционерниот дел од неговиот живот кога влегол во политичките и дипломатските служби.

Во 1895 година Сер Френсис Едмунд Хју Елиот (1851 – 1940) бил британски дипломат во Софија кој имал чести средби со министерот Начович. Елиот е познат британски дипломат кој бил пратеник во Грција 14 години и бил единствен син на исто така познат британски дипломат Сер Хенри Елиот кој меѓудругото служел во главниот град на Отоманската империја -Константинопол, внук на познат британски политичар, дипломат, министер итн Гилберт Елиот-Мареј-Кининмаунд, вториот гроф од Минто и правнук на познат лорд и член на долниот дом на парламентот како и вице крал на Корзика Гилберт Елиот-Мареј-Кининмаунд, првиот гроф од Минто.

Сер Френсис Едмунд Хју Елиот се приклучил на Дипломатската служба и бил назначен за аташе во Константинопол во 1874 година. Тој служел како трет секретар во Виена и втор секретар во Рио де Жанеиро , Стокхолм , Лисабон , Каиро и Париз пред да биде назначен за секретар за легација во Атина во 1890 година. Тој се преселил во Софија како агент и генерален конзул во 1895 година. Во 1903 година се вратил во Атина како вонреден пратеник и ополномоштен министер и понатаму има мошне предизвикувачка дипломатска кариера главно во Грција и на Балканот завршувајки ја својата кариера како заменик контролор на Одделот за надворешна трговија во Форин Офисот (министерство за надворешен и работи на Велика Британија) сè додека не се пензионирал во 1919 година.

Кратко кажано станува збор за два мошне искусни, образовани и професионални соговорници.

Еве што британскиот дипломатски преставник Ф.Х.Е. Елиот писмено му соопштил на министерот за надворешни работи на Велика Британија во 1895 година по средбата со Ночович во својство на министер за надворешни работи на Бугарија во Софија, кога веќе по трет или четврт пат е министер за надворешни работи, и со целото искуство претходно како миснитер за внатрешни работи, а што се однесува на Македонците, кои речиси половина век пред првото заседание на АСНОМ кога е конституирана македонската држава, не ги нарекувал ниту Бугари, ниту македонски Бугари, туку Македонци. И ги сметал за “странско население кое и понатаму одржува врска со неговата татковина и работи во нејзино име”, а и бил загрижен што од Македонија под османслика власт во Бугарија дошле толку многу економски емигранти во Бугарија, како што и самиот кажува “за да преживеат”, што станале над една четвртина во Софија која во тоа време брои околу oколи 60 илјади граѓани, или 4,2% од тогаш околу 3,5 милионската Бугарија.

*****

130.

Писмо од Ф. Х. Е. Елиот, британски дипломатски претставник во Софија, до маркизот од Солзбери, државен секретар за надворешни работи на Велика Британија, од 22 октомври 1895 година, за ставот на Начович кон македонското прашање и за внатрешната политика на Бугарија

Софија, 22 октомври 1895 година Бр. 175

Мој Лорду,

Бугарскиот министер за надворешни работи г. Начович се врати во Софија на 18-ти овој месец и денес го одржа својот прв официјален прием….

…Резиме од разговорот воден со г. Начович како што е изнесен во весникот “Neue Freie Presse” од 17 октомври 1895 година

Бугарскиот министер за надворешни работи, г. Начович, кој пред извесно време ја посети Виена, денес се врати дома…

Цитата од Ночович од истиот документ:

“…Освен тоа, ние мораме да се соочиме со други околности Секоја година Македонците пристигнуваат овде во голем број. Тие се вработуваат како ѕидари, градинари и др. и заштедуваат доволно пари за да можат да преживеат во текот на зимските месеци, било дома или овде меѓу нас. Во првиот случај, споредбите меѓу нашето и турското управување создава плодна почва за агитирање против постојната состојба во Македонија. Во вториот случај, меѓу нас има силен елемент на странско население кое и понатаму одржува врска со неговата татковина и работи во нејзино име. Сега Во Бугарија има 150 000 такви Македонци, а само во Софија 15 000, додека приличен број може да се најдат и во секој друг поважен град.

Извадено од Британски документи за историјата на Македонија (1886-1900), том V: стр.388

(Фотографии од Григор Ночович, Сер Френсис Едмунд Хју Елиот, британски документи за историјата на Македонија и колоризирана фотографија од Софија кон крајот на XIX век)

ЛИНК од објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…

(Видео) Јакимовски: ЕУ да најде начин како…

Претпоследно прашање пред влез во ЕУ ќе…

УЖАС: 12-годишно момче застрела 2-годишно дете во…

Со куршум од воздушна пушка во Враца,…

Македонија и Бугарија имаат најмали цени на…

Сезоната на пролетните одмори е пред нас…