Објавено на:

Г7 се загрижени поради јакнење на кинескиот нуклеарен арсенал

t

Брзото проширување на нуклеарниот арсенал на Кина е причина за „загриженост за глобалната и регионалната стабилност“, изјавија лидерите на Г7 денеска по состанокот за нуклеарно разоружување во јапонскиот град Хирошима.

Според Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни студии (СИПРИ), Кина има 350 боеви глави и е далеку зад Русија (4.477) и САД (3.708). Но, Пекинг би можел да има 1.500 од нив до 2035 година, според извештајот на американското Министерство за одбрана објавен во ноември.

„Брзото проширување на кинескиот нуклеарен арсенал, без транспарентност и поважен дијалог, е причина за загриженост за светската и регионалната стабилност“, се вели во соопштението на лидерите на Г7.

Претседателите на државите и владите на седумте индустриски најразвиени земји, кои денеска им оддадоа почит на 140.000 жртви на атомската бомба фрлена на Хирошима во 1945 година, ја осудија руската „неодговорна нуклеарна реторика, осудувајќи план за распоредување нуклеарно оружје во Белорусија како опасен и неприфатлив“.

Во исто време, тие ја предупредија Северна Кореја да се држи настрана од „провокации“ и го повикаа Иран да „запре нуклеарната ескалација“.

Тоа е првпат на состанокот на самитот на Г7 да се даде изјава за нуклеарно разоружување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Армијата се вклучи во гаснењето на пожарот…

Откако Владата прогласи кризна состојба, претседателката и…

Мицкоски го осуди атентатот, но му го…

И премиерот Мицкоски го осуди обидот за…

Видео од атентаторот на Трамп: Ги мразам…

На социјалните мрежи се појави видео од…

И Кавадарци помага во гаснењето на пожарот…

На координацијата на Градоначалникот на Кавадарци, Митко…

Петровска: Асистентот на татко му, сега како…

„Асистентот на татко му, а сега премиер…