Поради пожарите Владата ја продолжи кризната состојба на целата територија на Македонија

t

Владата денеска ја одржа редовна седница на која донесе повеќе одлуки. Владата ја продолжи кризната состојба на целата територија на државата заради состојбата со пожарите, зголемен е буџетот на ДЗС за гаснење на пожарите, а усвоена е и одлуката за престанување на важење на согласноста за зголемување на нотарската тарифа од 6 јуни.

Разгледувајќи ги извештаите од Центарот за управување со кризи, Владата обезбеди 52 милиони денари од државните резерви за 2024 година, за зголемување на буџетот на ДЗС за подмирување на трошоците за гаснење на пожарите. Од овие средства кои 41 милион денари за ДЗС, додека 10,5 милиони се за покривање на трошоците за сместување, храна и транспорт за персоналот при престојот во државава на странската помош за справување со пожарите.

Владата ја разгледа и ја усвои Одлуката за престанување на важење на согласноста за зголемување на нотарската тарифа. Според информацијата, претходната Одлука на Владата од 06 јуни, со која се покачија нотарските тарифи беше оценето дека е избрзана и предизвика товар врз граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата најави можност за докуп на до…

Граѓаните на кои им недостигаат до 24…

Владата прави методологија струјата да не поскапи,…

Владата прави методологија за да се задржи…

Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…

Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…

Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…

Владата излезе со јасен став во врска…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…