Зафатени 100 хектари со борова и дабова шума во пожар на Осоговските Планини
Нов шумски пожар избувна на падините на Осоговските Планини, во атарот на кочанското село Пресека. Во гаснењето се вклучени Територијалните противпожарни единици од Кочани и Македонска Каменица, како и службите од Шумското стопанство „Осогово“ и доброволците од ДПД – Кочани.
-Дејствуваме со триесетина луѓе повеќе од 15 часа на тежок, непристапен терен каде гори високостеблеста борова и дабова шума и ниска вегетација. На површина од 100 хектари пламените јазици достигнуваат и до 20 метри, а веќе се изгорени квалитетни борови стебла. Обид за локализирање на пожарот имаше и од воздух, со поддршка на хеликоптери што се под надлежност на Центарот за управување со кризи. Засега гасењето е неуспешно, истакна заменик командирот на ТППЕ – Кочани.
Според информациите од пожарникарите кои се наоѓаат кај селото Пресека, од пожарот е загрозена и викендичка во која престојувале луѓе.
Од ТППЕ – Кочани нагласија дека борбата со огнената стихија ќе биде тешка, а противпожарните единици на терен ќе останат и во текот на ноќта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…