Дата-центрите се новата нафта, вели Мицкоски
Како инженер и како човек сметам дека вештачката интелигенција и податочните, односно дата-центрите, се нова нафта, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со одлуката на Советот на Општина Пехчево, кој гласаше против изградба на дата-центар.
Но, Мицкоски потенцираше дека тоа била приватна иницијатива.
– Од тоа што бев информиран од градоначалникот, станува збор за нацрт-предлог на урбанистички план. Кога ова би бил владин проект, ние би излегле и би кажале што е тоа што ќе го прави државата. Тоа треба да го разграничиме – рече Мицкоски.
Мицкоски е уверен дека ако ние не препознаеме дека сега е момент за изградба на дата-центри и ако не обезбедиме услови, нема да има раст на државата. Притоа, потенцира дека секако треба да бидат запазени сите услови – заштитена и животната средина, заштита на граѓаните и сè што е неопходно за нивно безбедно функционирање.
– Моето лично мислење е дека одредени структури во општеството имаат поинаква цел. Најмалку им е цел да ги заштитат интересите на државата и на граѓаните. Тоа се истите луѓе и кога стануваше збор за инвестицијата во антимон во Луке, за инвестиции во рударството, за златото, кои беа против хидроцентралите. Тоа е она што ние го имаме. Ние сме држава што не излегува на море – рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дата-центрите се новата нафта, вели Мицкоски
Како инженер и како човек сметам дека…
Мицкоски: За да ги заштитиме пензионерите, пензиите…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи…
Вештакот Марковски на судењето за „Пулс“: Објектот…
На денешното рочиште за пожарот во дискотеката…
Клековски: Се работи на решавање на дефектот…
Министерот за здравство Сашо Клековски во објава…
Новата учебна година со 300 паралелки помалку…
Македонските училишта во новата учебна година ќе…